Што е тоа закон?

Помина рокот за подигање на урбаната опрема од јавните површини.

 |  Николовска Биљана  | 
urbana oprema
урбана опрема

Помина рокот за подигање на урбаната опрема од јавните површини. Сопствениците мирни бидејќи инспекциските служби им гледаат низ прсти и после 31. октомври. Казните, кои не се мали, речиси никој не ги плаќа бидејќи прекршочните пријави завршуваат во судските лавиринти .

urbana opremaПоставувањето на урбаната опрема на јавните површини е горлив проблем во градов. Од година во година проблемите во оваа сфера се наталожуваат и никако да се решат и надминат. Корисниците на оваа законска одредба години наназад не го почитуваат законскиот рок.
Одговорниот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски вели дека локалната самоуправа преку инспекциските служби веќе има донесено решение за отстранување на урбаната опрема. Сопствениците се должни да ја отстранат. Последен толерантен рок е 5 ти ноември, после кој безрезервно ќе се пристапи кон подигање, додава тој. Танасоски потенцираше дека сопствениците вршат злоупотреба на законот и крајно се непослушни и индолентни пред бројните укажувања.
Танасоски е оптимист. Вели, дека на повидок е нов закон за инспекциските служби, во кој меѓу другото ќе бидат пропишани правилата за поставување урбана опрема на јавни површини и времени објекти. Со тоа ќе се зголемат ингеренциите на инспекциските служби. Во него треба да е предвидено  доколку сопствениците на објектот и кафулето не постапат согласно програмата на Советот, од страна на инспекцијата да му се исклучи струјата и водата, и да се пломбира. Со самото тоа ќе му биде оневозможено вршење  дејност.
Танасоски потенцираше дека многу малку од поднесените прекршочни пријави се реализираат. Судот не ги решава навреме, а тука инспекторатот е немоќен. Но многу од пријавите завршуваат и до второстепените комисии на ресорните министерствата. Танасоски рече дека и таму наидуваат на несогласувања и прогледувања низ прсти, кон одредени сопственици. Инаку, казните за прекршителите на овој закон не се мали. Тие изнесуваат од 2000-5000 евра. Доколку ефикасно се спроведе законот и се реализираат овие казни не е мал финансискиот прилиф за општинскиот буџет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top