Семејното насилство не претставува проблем само на оној другиот. Тоа е се поприсутно во нашето опкружување, само треба да се препознае, евидентира и санкционира.
Семејното насилство се почесто реална состојба во нашето опкружување. Оваа појава по дефиниција претставува: „Збир на однесувања чија цел е контрола врз другите со употрба на сила, застрашување и манипулација“. Насилството врз жртвата може да биде од психолошки аспект, физичко, сексуално и економско. Охрид воопшто не е исклучок по ова прашање, па така во текот на оваа година се пријавени 34 случаи на семејно насилство каде во 21 од нив жртвите пријавиле самоиницијативно, во 8 случаи пријава има од СВР Охрид и 5 случаи кога други лица и институции пријавиле случај на насилство. Како основен и најголем проблем се јавува самиот чин на пријавување на насилството. Најчесто во семејствата каде реално постои овој проблем, жртвата нема доволно храброст случајот да го пријави до надлежните институции. Семејно насилство може да се пријави на бројот 02 15 700., вели Екрем Каљоши, дир. на „ Центар за социјални грижи“.
„Ова докажува дека жените не се исклучиво жртви на семејно насилство. Сепак овие бројки не ја оддаваат реалната состојба која секојдневно се случува, токму поради фактот што истите не се вистински пример за оваа појава туку нешто сосема друго. Нашите согледувања на реалната состојба покажуваат дека голем број од овие пријави се повеќе предмет на пореметени брачни односи отколку реално состојба на вистинско насилство. Сепак факт е дека ваквите случаеви јавноста треба да ги препознае и да ги презентира на вистинско место“, појаснува Каљоши.
Последниот пример на семејно насилство каде претепаното дете заврши со смрт, ја потврдува загриженоста и бројните реакции за поефикасна акција од страна на центрите за социјална работа. „Апелираме до овие институции за навремена и соодветна реакција, бидејќи се неопходни за заштита на многу жртви, особено за младите и беспомошни детски судбини, велат од првата детска амбасада „Меѓаши“. Имено податоците на СОС телефонот за деца и млади говорат дека во споредба со 2007 год. бројот на пријавени случаи е драстично зголемен. Во споредба со 2007 год кога бројката на пријави изнесуваше 13,4%, во 2008 та таа се искачи на 32,5%, што укажува на високата свест кај децата за овој проблем, велат од таму.
„Во најлош случај подобро е да се соочиме со фактите, отколку да ги решаваме последиците од нив. Се надеваме дека овие бројки навистина ќе допрат до свеста на секој потенцијален насилник и тоа ќе допринесе за избегнувањето на појавата насилство“, велат од Меѓаши.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град