Дождот секогаш со себе носи проблеми. Охридските улици доста оштетени. Собирањето вода е хроничен проблем, во кој инволвирани се повеќе причини. За надминување на оваа состојба потребное е решавање на проблемот со атмосферската канализација во градот.
Охридските улици претворени во бари. Непотполно изградената атмосферската канализација во делови на градот во есенскиот период доаѓа до израз. Како одраз на тоа е собирањето на вода на фрекфентните места. Мал процент за ваквата состојба придонесува и градежната експанзија вели првиот човек на „Проаква“ Бранислав Трпчевски. Проблемот да биде покомплициран причина се и лисјата кои паѓаат и запушуваат дел од шахтите, додава тој.
„Прашањето дали со овој капацитет, „Проаква“, можи да ги сервисира сите атмосферски, фекални води, канализацијата и колекторскиот систем, е проблем кој треба да се стави на маса и да се анализира“ вели Бранислав Трпчевски.
Соодветен капацитет на поставување на канализација како во новоизградените така и во постоечките системи е адекватно решение на кое треба да се посвети време во иднина вели Трпчевски.
Трпчевски скромен е во најавите дека за брзо време ќе се надмине ваквата состојба. Неговите очекувања согласно годишната планска проекција на локалната самоуправа, е да се исполни предвиденото, а тоа е работите да се решаваат сегмент по сегмент.
Ова не е прв пат како Охрид се соочува со овој проблем. Најчесто есенскиот период предизвикува поплави по улиците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град