Нема лиценцирана гинеколошка ординација за бесплатно ин витро оплодување во Охрид.
Жените кои се обидуваат да добијат деца, а се осигуренички на Фондот за здравство мора да се лекуваат надвор од градот. Само 5 посто од 20 проценти од брачните парови кои се лекуваат од стерилитет се упатуваат на ин витро третман, информираат матичните гинеколози. Сепак интерес на охриѓанки за вештачко оплодување во 4 –те клиники во земјава има вели Дејан Гацов, портпарол, на Фондот за здравство. Тој додава дека не е завршена тековната годината, па не се знае точната бројка на ин витро оплодувањата. Има завршени случаи на лекување, а има и такви кои се во тек објаснува Гацов. Инаку, бесплатно ин витро оплодување во 2009 година е планирано да добијат 1550 жени, осигуренички во Фондот за здравство . Засега, по една година од стартувањето на бесплатното ин витро оплодување, овој третман се прави само во 4 клиники во земјава. Фондот има склучено договор за надоместок на средства за биомедицинско потпомогнати оплодувања во Ре-медика – 500, во Систина – 750, 90 – Ултрамедика од Скопје и 200 во Битолската Клиника за гинекологија „Плодност“. Фондот за здравство и надоместува 80.000 денари на установата во која ќе се врши оплодувањето. Во најава е скоро отварање на гинеколошка ординација и во Охрид, па жените на кои овој начин е единствениот да добијат деца, третманот на лекување, ќе може да го прават и овде. Оние кои ќе се одлучат на ваков начин да добијат дете имаат право на три обиди, а за тоа ќе платат партиципација од 6.000 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град