Во недостаток на учебници, проблем кој досега мораше да биде надминат, учениците се соочуваат со една сосема нова појава.
Во недостаток на учебници, проблем кој досега мораше да биде надминат, учениците се соочуваат со една сосема нова појава.
Доколку самите не купат книга, се почесто се приморани да го напуштат часот.
„Ова е навистина негативен пример и одговорно тврдам дека во иднина ќе биде надминат“, вели Митре Вељаноски, советник за образование.
Проектот бесплатни учебници продолжува да создава нови проблеми. Иако одминуваат повеќе од два месеци од почетоткот на учебната година, учениците сеуште ги немаат добиено ветените книги. Ова не е проблем само во одредени одделенија, ова е проблем на генерацијава воопшто, вели Митре Вељаноски, советник за образование при локалната од Охрид. Како дополнително отежнување на целокупната состојба е новата појава на обврзување на учениците, самите да се снаоѓаат и да купуваат учебници. Доколку не го сторат тоа ќе сносат последици.
Оваа појава доколку постои, навистина е алармантна и треба најостро да се реагира, вели Вељаноски. Доколку детето смета дека е доволно интелигентно и може предвидениот метеријал да го совлада и без учебник, ниту еден наставник не смее да му го наметнува спротивното, вели тој.
Доколку некој наставник постапил во оваа насока, најверојатно истото го сторил во најдобра намера. Барањето да се набави учебник претпоставувам дека е посочено од причина да се избегне штетата од недостаток на информации. Сепак факт е дека нашите деца растат во ера на информатичка технологија, каде сите информации им се достапни на интернет.
„Секое отстапување на било кој наставник од законската регулатива и постапување спротивно од неа, одговорно тврдам дека ќе биде санкционирано“, вели Вељаноски.
„Јас сум сепак оптимист дека ваквите примери се ретки и дека во иднина истите нема да се повторат, вели Вељаноски. Мене лично многу повеќе ме зесега проблемот со недостатокот на учебници кој директно се одразува на успехот и квалитетот на знаењата на овие генерации“, посочува тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град