Запалени 33 километри рибарска мрежа

460 рибарски  мрежи со должина од околу 33 километри денес беа запалени во Езерската полиција  во Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
mrezi
мрежи

460 рибарски  мрежи со должина од околу 33 километри денес беа запалени во Езерската полиција  во Охрид.

Gordana ЈankuloskaМрежите биле запленети во изминатите девет месеци во  контроли на Охридското Езеро. Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, присуствуваше на нивното палење и при тоа истакна дека покрај мрежите се уништени и предмети  користени во незаконит риболов. Јанкулоска кажа  дека при контрола на државната водена граница, Езерската полиција, привела двајца албански државјани кај кои биле запленети 118 парчиња риба со тежина од над 10 килограми. Таа информираше дека е зголемена ефикасноста во борбата против недозволениот риболов.

Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се осврна и на актуелните случувања во земјава. Проговори за  потрагата по двете исчезнати лица од Охрид, и при тоа  кажа дека се употребени сите расположливи средства.
Јанкулоска информираше, дека денес на местото каде што биле пронајдени лични предемети на исчезната 35 –годишна  жена, нуркачки екипи го пребарувале теренот во водите на езерото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top