Анри е од друга димензија

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола ги отфрли шпекулациите дека повеќе нема да рачуна на Тиери Анри во првиот тим на Блауграната.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tieri Anri
Тиери Анри

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола ги отфрли шпекулациите дека повеќе нема да рачуна на Тиери Анри во првиот тим на Блауграната.

Tieri AnriПоследните извештаи од шпанските медиуми наговестуваа дека Гвардиола ја има изгубено довербата во Анри на сметка на младиот Шпанец, Педро но тренерот 100% верува во играта на поранешниот капитен на Арсенал.

„Анри ќе им ги затвори устите на критичарите. Тој е играч од светска класа, од друга димензија“, изјави Гвардиола на пресконференцијата пред натпреварот со Осасуна.

Покрај тоа што 32-годишниот напаѓач не дава 100% од своите можности досега, тренерот на Барса е сигурен дека Анри ќе и помогне на блаугранта кога тоа најмногу ќе треба односно во „клучните моменти на сезоната“ и додаде дека нема намера да го заменува со Педро.

„Педро има уште многу да учи за да го стигне нивото на Анри. Тој има направено многу за фудбалот и има дадено многу за нас, исто како и ние за него“, дополни Пеп.

Анри е подготвен за игра стои во извештајот на медицинскиот тим на Барселона и тој ќе биде дел од тимот кој ќе патува во Памплона на натпреварот против Осасуна кои се игра вечерва.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top