650.000 долари за Св.Богородица Перивлепта

Американската амбасада од својот фонд обезбеди 650 илјади долари, средства наменети за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта.

 |  Татјана Маленкова  | 
Riker i Milevska
Рикер и Милевска

Американската амбасада од својот фонд обезбеди 650 илјади долари, средства наменети за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта.

delegacijaПарите ќе се доделуваат етапно, во зависност од динамиката на реализацијата на проектот. „Чест ми е што го потпишав грантот за реновирање на Св. Богородица Перивлепта“, рече американскиот амбасадот во Р Македонија Филип Рикер.
Со грантот на американската амбасада се потврдува традиционалното пријателство на САД и Македонија. Американците се подржувачи на нашето културно наследство што ни го оставиле предците, а ние како генерација сме одговорни да го сочуваме за идните поколенија“,изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

„На проектот за реставрација на црквата работевме макотрпно, заедно со управата за заштита на културното наследсво“, рече министерот за кулура Елизабета Канческа – Милевска.

Примарната цел на проектот што ќе трае три години се конзерваторско-реставраторски зафати врз архитектурата и фрескоживописот на црквата, како и интервенции на северниот конак и камбанаријата. „Ова е празничен ден за македонско конзерваторската реставрација“, рече директорот на управата за културно наследство Паско Кузман.
Големо задоволство од грантот со кој ќе се реставрира живописот во црквата, искажа и владиката на Дебарско – Кичевската епархија г. Тимотеј.
Владиката Тимотеј уште еднаш пред новинарите го потвди она што ТВ М го објави пред неколку дена, дека МПЦ  првзема активности за поголема заштита на црквите, со систем за видео надзор и надгледување но и физичка заштита на верските овјекти.
Инаку пред да го потпишат договорот, министерката Канческа-Милевска и амбасадорот Рикер, во придружба на претседателот Ѓорѓе Иванов, како и претседавачот на советот на охрид Душко Јаковчески, го посетија  манастирскиот комплекс „Богородица Перивлепта”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top