Наменско смирување на патот

Возачите ќе мора да се адаптираат кон најновото решение на надлежните со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

 |  Николоска Биљана  | 
policaec
полицаец

Возачите ќе мора да се адаптираат кон најновото решение на надлежните со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

TuristickaПоставени забавувачи на брзина на патот. Оваа мерка е применета на критичниот дел на патот кај клучката на бензинската пумпа „Окта“. Надлежните веруваат дека со ова, ќе им се исполнат очекуваните резултати и ќе се избегнат дел од сообраќајните незгоди, кои најчесто се случуваат заради неприлагодена брзина на патот. Црните точки на фрекфентните улици во градот, почнаа да се согледуваат како реални проблеми во сообраќајната сфера. После низата незгоди на критичната клучка кај бензиската пумпа „Окта“ на булевар „Туристичка“, превземени мерки за поголема безбедност.
Булевар „Туристичка“, важи за улица со највисок интензитет во сообраќајот. Таа бележи најголем број случени сообраќајни незгоди, како по обем, така и по последици. ТВМ во неколку наврати има информирано дека овој патен правец воопшто не е безбеден, ниту за пешаците, ниту за велосипедистите и претставува магнет за сообраќајни незгоди со трагични последици. Исто така, имаше и бројни укажувања од жителите на овој дел дека под итно треба да се превземат мерки за зголемување на безбедноста на овој потег. Тоа го увидоа и надлежните, кои деновиве на тој дел од патот поставија забавувачи на брзината како мерка за  наменско смирување на сообраќајот вели Бранко Речкоски од СВР Охрид.
Инаку, подолг временски период општината преку своите органи како надлежна за одржување на патната мрежа, реконструкција и оддржување на патишта, имала посериозни зафати за измена на режимот на сообраќајот и предлагала соодветни технички решенија, нагласи Речкоски. Тој додаде, дека, од страна на МВР, при теренските увиди, обработка и анализа на сообраќајните незгоди, дојдено е до податоци дека е потребно итно да се преземат мерки за забавување на сообраќајот, односно негово смирување. Тие активности веќе се превземени и надлежните веруваат дека ќе се постигнат очекуваните резултати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top