Аутистично дете проговори

Третманите во хипербаричната комора направија чудо.

 |  Татјана Маленкова  | 
D-r Goran Balev
Д-р Горан Балев

„Нема поголема радост и доказ за успехот на еден доктор, кога ќе допринесе еден млад живот да се врати во реалноста, вели д-р Горан Балев.

hiperbaricna komoraШест годишно ау­тис­тич­но­то дете првпат проговорило по третманите со чист кис­ло­род под притисок во Општата болница во Охрид. Покрај детето и родителите, најзаслужни за овој успех се Д-р Горан Балески и д-р Ристо Медароски, кои работат на хи­пер­ба­рич­на­та комора. „Аутизмот е патолошка појава на ор­га­низ­мот која се класифицира како психичко растројство кое се ма­ни­фес­ти­ра со отсуство на комуникација и присуство на сиромашни и сте­ре­о­тип­ни активности. За последниот успех во користењето на хипербаричната ко­мо­ра, д-р Балевски вели:

„Кај пациентот што про­го­во­ри беа направени 50 третмани по 70 минути, под притисок од 1,5 бари. Петнаесет минути имаше покачување на при­ти­со­кот, 50 минути тераписко дејство на 100 отсто кислород, а потоа сле­де­ше 5 минути спуштање на притисокот во комората. Со ваков третман сос­тој­ба­та кај детето се подобруваше од ден на ден и, по 11-тиот третман тоа за првпат проговори. Немаше крај на нашата радост. Ова првпат го доживеав како доктор“, вели Балев.
„Со деца почнавме да работиме пред 6 месеци“, додава докторот. Морам да признам дека имаме голем проблем кога работиме со нив, затоа што прво детето треба да прифати да соработува со нас. Кога работиме со деца мора целата комора да ја наполниме со 100 насто кислород“, додава Балев.  

Натамошната грижа за детето ќе ја преземат други лекари та­му каде што живееат. Според ро­ди­те­лите пред да дојдат во Охрид, претходно биле и на друга терапија, а  за  чудата кои може да ги направи хипербаричната комора слушнале од нивни пријатели.
Инаку хипербаричната комора во Охрид е донесена пред шест години. Таа е донација од фирмата ФЛУИД, за нуркачите од Охрид. Но како што вели д-р Балев, комората се користи максимално, но само здрвствени цели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top