Струшките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“со нови членови претставници во Управните одбори.
Оваа точка беше наметната во дневниот ред на петтата седница на советот на општина Струга. Советничката група на СДСМ затекната од ова нова состојба гласаше против.
Прескокната законска регулатива. Советникот од редовите на СДСМ Илија Мацески на петтата седница на советот на општина Струга, заедно со останатите претставници од неговата опција, гласаа против иницијативата на предлог решението за именување претставници членови на Управните одбори во двата средношколски центри, „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“. Мацески го образложи нивниот негативен став.
Директорот на „Нико Нестор“ Никола Затуроски пак, од друга страна за да не дојде до недоразбирање, ја образложи потребата од итноста на овој предлог. Како причина посочи тоа што во неговиот ресорен дел истекува мандатот на постоечкиот Управен одбор.
Иако точката за предлог решението за именување претставници членови на Управниот одбор била вметната како итна, советниците ја изгласаа, но многумина беа затекнати од истата, посебно советникот Мирсад Мемишоски кој беше крајно незадоволен воопшто од известувањето за седниците и дополнителните точки. Тој рече дека материјалите се доставуваат пет дена однапред, а не пет до дванаесет како што е досегашната неаѓурна пракса на општинската администрација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град