Во Охрид, недостасуваат едукативни центри каде што младите би добивале корисни информации за нивното сексуално и репродуктивно здравје. Информациите како да се заштитат од сексуално преносливите болести и инфекции засега тие ги добиваат од едукаторите во Црвениот крст, вели Младен Божиноски, технички едукатор за ХИВ, Сида и преносливи болести. „ Овде младите се доста пристапни и прилично отворени, разменуваме информации преку дискусии, што не е лесно околу сексуалноста и разговорите околу неа“ , објаснува Божиноски.
Статистичките податоци укажуваат дека младите во земјава немаат доволно познавања од сексуалниот живот и заштитата од полово преносливите болести. Поразителен е фактот што само 1,6 проценти од нив користат контрацептивни средства. Овој податок се должи на голем број фактори вели д-р Владимир Микиќ асистент- координатор на проектот Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје од институтот за јавно здравство. „ Покрај економската ситуација тука се и традиционалното образование, табу темата во семејството, како и различните бариери кои мора да се надминат за младите да бидат советувани и да имаат пристап до сите информации “ кажува Микиќ.
За промена на стереотипите и навиките кај младите лица, во земјава, ќе се отворат 10 советувалишта, меѓу кое едно и во Охрид. Во овие центри младите ќе имаат пристап до модерни контрацептивни средства, но и можност да добијат правилни информации како да го зачуваат своето здравје. Светската здравствена организација предвидува дека 20 насто од сите проблеми со кои се соочуваат жените отпаѓаат на проблемите со сексуалното и репродуктивното здравје. За справување со овие проблеми до крај на ноември треба да се изготви Националната Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје нагласува д-р Владимир Микиќ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град