Општинскиот совет за безбедност не функционира

Три месеци не функионира општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Три месеци не функионира општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Valentina NeloskaПретседателот на новиот состав на општинскиот совет, Спирко Николоски, избран на ова функција по завршувањето на мандатот на стариот состав, само по неколку месеци од назначувањето, од лични причини, поднел оставка.

Општинската администрација досега не нашла време да го разгледа барањето на Спирко Николоски за разрешување од оваа функција. Од таму, не знаат кога и дали воопшто ќе биде ставен изборот на нов претседател, на дневен ред, на некоја од наредните седници на советот.

Непотполниот состав го доведедува во прашање функционирањето на ова тело, кое e во насока за унапредување и превенција на  безбедноста во сообраќајот. Некои од поранешните членови на општинскиот совет за безбедност, сметаат дека отсуството на претседател може да доведе до згаснување на голем број планирани активности. Некои проекти се  реализирале во минатиот период, а биле планирани и други амбициозни зафати во зголемување на сообраќајната безбедност во општината. Охрид, во изминатите години, беше една од ретките општини која можеше да се пофали со функионирање и реализација на голем број проекти под покровителство на овој совет. Со подршка на републичкиот совет за безбедност во сообраќајот беа реализрани повеќе значајни проекти,  како што се поставувањето на пешачкиот мост во близина на ОУ Христо Узунов и  ѕвучната сигнализиција на семофорите  за слепите лица. Тука се и превентивните проекти од областа на  сообраќајната едукација во училиштата. Работата во општинскиот совет за безбедност на соораќајот е од доброволен карактер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top