Низ лавиринтот на СВР

„Две и пол години во секторот за внатрешни работи се затаени моите документи“, се жали нашиот сограѓанин Ацо Климоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aco Klimoski
Ацо Климоски

„Две и пол години во секторот за внатрешни работи се затаени моите документи“, се жали нашиот сограѓанин Ацо Климоски.

odobrenieКлимоски обвинува дека поради несовесното работење на референтите, приморан е да се жали и до сектор за внатрешна контрола, во МВР. Од СВР пак овој случај не коментираат, само велат дека странката треба да го сочека исходот од жалбента постапка.

Ацо раскажува како пред две и пол години по смртта на својот татко, оружјето кое го поседувал, уредно со записник, во рок од шест дена го предал во СВР. Но,откао се установило дека Климоски е едниствениот законски наследник на имотот од својот татко, ги собрал сите потребни документи, со цел да го врати назад оружјето,  кое му е драг спомен.

„Неправилно и нецелосно беше  утврдена мојата фактичка состојба, по што во СВР одлучиле да ми се одбие брањето за издавање на одобрение за оружје, поради истекувањето на важноста на лекарското уврение“, се жали Климоски.

Уверенито го извадив кога ги подготвував документите за враќање на оружјето, кон крајот на 2007 год. Во секторот две и пол години ги затајуваат докумнтите, а за тој период измина и законската важност на лекарското уверение, додава Климоски. Зарем секоја година треба да вадам нови документи? Што ако по овој предмет не се одлучи уште неколку години, се запрашува нашиот соговорник.

„Секој месец одев и прашував за оружјето. Тие ме прашуваа дали некој ми се заканува, и додаваа дека каснењето на докумантацијата не е моја работа“, вели Климоски.

„Предметот е во жалбена постапка и странката треба да го почека исходот, велат од СВР. Од таму одбиваат јавно да дадат било какви коментари по основ на критиките упатени за нивните вработени“, велат од СВР.

Ацо Климоски најавува дека деновиве ќе покрене жалба до МВР, поточно до секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Тој вели: „Оружјето ми е драг спомен од мојот татко и нема лесно да се откажам од него. Ако треба и министерката лично ќе ја запознам со неажурноста на администрацијата, затоа што сум уверен дека не сум едниствениот кој има проблем поради непрофсионалноста на администрацијата“.

ТВМ и понатака ќе го следи овој случај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top