Законот за Охрид и охридскиот регион е во завршна фаза на подгоровка.
Законот за Охрид и охридскиот регион е во завршна фаза на подготовка. Истиот ќе биде доставен до надлежните институции на мислење, кога ќе се отвори и јавна дебата.
„Овој закон е од големо значење за Охрид, меѓутоа и за Македонија воопшто. По однос на менаџмент планот, кој го опфаќа и културното и природното наследство на Охрид, Владата веќе донесе одлука“, рече Минестерката Канческа Милеска, при својата последна посета на градот.
„Овој закон е од големо значење во делот на заштитата на културното наследство и архитектурата на Охрид како град“, потенцира таа.
„Министерството за култура работи активно, во својата сфера и континуирано дава инвестициони импулси во делот на културата во Охрид“, заклучува Канческа Милеска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град