Железничка улица или ќорсокак?

Советниците љубопитни, кога ќе завршат градежните активности на „Железничка“.

 |  Татјана Маленкова  | 
pretsedatel na sovet
претседател на совет

Советниците љубопитни, кога ќе завршат градежните активности на „Железничка“.

Градоначалникот појасни дека постојат објективни причини поради кои не е завршен овој проект. Петрески се надева дека до почетокот на следната туристичка сезона Булеварот ќе биде готов.

ZeleznickaСоветниците покажаа интерес за интензинтетот на градежните работи на Железничка. На осмата седница на чиј дневен ред имаше советнички прашања, интерес за интензитот околу градежните работи на булеварот, покажа советникот Владо Цветкоски.

Булеварот „Железничка“ ќе биде завршен следната година најави, градоначалникот Александар Петрески.  

„Постои силна воља и од локалната и од централната власт преку министерството за транспорт и врски и фондот за патишта, за да продолжи градбата на Железничка. Увидовме дека таму има реални проблеми кои ги согледавме кога навлеговме суштински да го решаваме проблемот, вели градоначалникот.

Експропријацијата е вршена пред 20 – 30, па поради тоа дел од документите тешко се наоѓаат. Железничка не е наша надлежност, но максимално помагаме. Се чека да заврши тендерот за дождовната канализација. Сите работи да се средат во зимскиве месеци, за асфалтирањето да почне по Нова Година, вели градончалникот Петрески.
Спорни се три куќи, вели градоначалникот, но тие нема да се легализираат, затоа што тука ќе поминува пат. Тие работи ние ги решаваме.Советот донесе одлука, администрацијата и градончалникот, да имаат можнот тие луѓе да ги ослободиме од комуналии и на тој начин тие да градат друг дом, а да го напуштат постоечкиот, вели Петрески.
Градоначалникот со свој коментар и по однос на пресс конференцијата на пратеникот Томе Чингоски, кој се одржа на 5 ти овој месец, а се однесуваше на одолговлекувањето на градежните зафати на булеварот.
Инаку градоначалникот e задоволен од ангажирањето на фондот за патишта и министретвото за транспорт и врски.

„Не можам да критикувам околу ова.Сметам дека грешката на владата е што за време на изборите поставија камен темелник, а работите не беа средени, вели Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top