„Contact making“ семинар

Националната агенција за европски образовни програми, за прв пат во Охрид, организира семинар за вмрежување.

семинар
seminar

Националната агенција за европски образовни програми, за прв пат во Охрид, организира семинар за вмрежување.

seminarСе одржа првиот контакт мејкинг семинар, односно семинар за вмрежување кој е поддржан од страна на националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Република Македонија. Националната агенција е самостојна јавна институција која што има основна задача децентрализирано да ги управува европските фондови од областа на образованието, т.е. програмите Доживотно учење и Млади во акција. Денеска се промовира втората, со која ќе се поддржат голем број проекти во републикава. На семинарот се присутни членови од 20 европски земји плус партнери од Хрватска и Турција.   
Овој месец за прв пат беа доделени првите грантови во секторот образование.
Европската комисија генерално го гледа напрадокот и помага во целосното вклучување на Македонија како и агенцијата во сите европски програми за образование.

„Целта на овие средби е од контактите помеѓу присутните гости да произлезат проекти кои ќе се реализираат во иднина. Се надеваме дека тоа ќе се случи и овој пат, каде на крајот од семинарот ќе обезбедиме околу 20тина проекти за пертнерство“, вели Јан Ван Хове, гостин од Холандија, кој воедно посочи на одредени препораки околу состојбата во образованието.

„Програмата на Националната агенција се реализира на компатитивно ниво, отвараме јавни повици на кои што аплицираат училишта, универзитети и невладини организации. Еден од поактивните региони е охридско- струшкиот, меѓу кои училиштата Св. Климент охридски, Нико Нестор во Струга, универзитетот, се корисници во пилот фазата. Се надевам дека во иднина ќе се одвојат уште поголеми грантови за овој регион“, велат од Националната агенција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top