Потфрли планираниот износ во Општинската каса

Во општинската каса за трите квартала се инкасирани околу 266 милиони денари ,што од планираните 465 милиони изнесува 57,42 проценти.

 |  Валентина Нелоска  | 
општина Охрид
општина Охрид

Во општинската каса за трите квартала се инкасирани околу 266 милиони денари, што од планираните 465 милиони изнесува  57,42 проценти.

Ацо КитрозоскиВаквата состојба покажува дека наскоро на некоја од седниците ќе следува ребаланс на буџетот. Раководителот на одделението за финасии и буџет, Ацо Китрозоски и квартално ги споредува состојбите од оваа и минатата година. Тој истакнува:

„Показателите споредени со 2008 и 2009 покажуваат дека  има зголемување во приходот за 1 квартал од 16 проценти, и 4 проценти во 3 квартал,  додека во 2 квартал има намалување во остварувањето на приходот за 3,42 проценти“ .  

Од анализата на позначајните ставки планирани при креирање на општинскиот буџет воочливо е потфрлување кај две од нив. Во општинската каса нема ни денар од планираната продажба на државно земјиште. По овој основ биле планирани 47 милиони денари. Нити од локалната нити од централната власт не можеа да кажат зошто оваа ставка не е реализирана.  Втората ставка кај која е потфрлено, а е најголема во годинешниот буџет, е приходот од уредување на градежното земјиште, односно од комуналии. По овој основ раководителот Китрозоски кажува дека од планираните близу 152 милиони денари се оствариле нешто повеќе од 95 милиони денари или приближно 63 посто.

Оваа состојба со општинскиот буџет  ја актуелизира старата дилема кај пошироката јавност – дали е оправдана  градежната експанзија во Охрид, посебно во централното градско подрачје. Стручната јавност и поголемиот дел од граѓаните ја застапуваа идејата основата за полнење на општинската каса – да не бидат пари од ставката комуналии. За разлика од нив, градоначалникот Александар Петрески и неговата администрација уште првата година го зголемија буџетот за  два пати, токму на приходот од комуналии. Од претходната администрација на градоначалникот Наумов проектираниот буџет за 2005 година изнесувал 126 милиони, кој Петрески го зголеми по само два месеци од седнувањето во градоначалничката  фотеља. Веќе за наредната 2006 година, администрацијата на Петрески предлага буџет од  247 милиони денари или двојно поглем од претходната. Овој тренд го следи и во наредните години од неговиот мандат. Друга тема е пак, колкав процент од овие мегаломански буџети на крајот од фискалната година се реализираат.

За да го видиме ребалансот на годинешниот буџет и како ќе изгледа крајната годишна сметка на општина Охрид, ќе почекаме некоја наредна седница бидејќи утрешната е резервирана за  советнички прашања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top