Враништа сеуште лежи на септички јами

Враништани најблиску до Прочистителната станица а сеуште битка водат со септичките јами.

 |  Колоска Билјана  | 
Vranishta
Враништа

Враништани најблиску до Прочистителната станица а сеуште битка водат со септичките јами.

Не изиграа надлежните,  сите околни села се приклучија на канализационата мрежа а ние и понатаму чекаме, велат граѓаните

VranishtaНа еден чекор до Прочистителната станица Враништани сеуште чекаат на канализационен приклучок. Трпението попушта кај жителите. Наместо ова село уште на самиот почеток, со изградбата на Прочистителната станица „Враништа“ да добие канализација, ние и понатаму сме запоставувани, велат граѓаните. Сите околни села го решија проблемот со септичките јами, а ние сеуште сме на листата на чекање, додаваат жителите на Враништа.

„Многу од жителите имаат направено и по две септички јани, истите се повеќе ни создаваат проблем. Повеќе финансиски средства трошиме за нивна изградба и чистење од колку да плаќаме за канализација“-вели Јанче Котески, жител на С. Враништа.

Граѓаните се надеваат дека кај и да е конечно и тие ќе бидат приклучени на канализационата мрежа. Доколку за скоро не се реализираат нивните очекувања, најавија дека ќе превземат соодветни мерки.

„Ако треба и ќе протестираме, ќе бараме да се отстрани „Прочистителната станица“ од нашето село“-додава Котески.

Од Локалната Самоуправа немаат конкретна најава, кога во Враништа ќе се постави канализација.

„Проект има, треба да се изгласа од Советот и за реализација на истиот да се обезбедат финансиски средства од државниот или општинскиот буџет“-вели  градоначалникот Рамиз Мерко.

Доколку Локалната самоуправа нема финансиски средства за да го финансира овој прокет тогаш треба само правилно да ги искористи странските донации, односно ИПА-фондовите, порача Момчило Аврамоски, советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на последната седница на совет.
Тој  потенцира дека средствата паметно би било да се искористат за изградба на помали прочистителни станици, бидејќи како што потенцира тој, актуелната станица нема доволно капацитет за други приклучоци.
Според неговите информации, во моментов од истата може да се види како отпадни води се влевале во реката Црн Дрим, потенцира Аврамоски. Може да замислите што би се случило доколку има нови приклучоци, автоматски  може да очекуваме еколошки хаос, додава советникот.
Тој порача дека мора да се формира комисија за да ја согледа реалната состојба на прочистителната станица и да оцени што треба дополнително да се превзема.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top