Ни ги носат од другите градови, вели директорот на Комунално. Наави дека во Струга ќе се гради шинтерница
Кучиња скитници на сите страни низ Струга. Вообичаено, со овој проблем сружани се почесто се соочуваат. Деновиве, глутница кучиња има во дворот на основното училиште „Браќа Миладиновци“.
Освен што тие преставуваат опасност за децата, се и ноќна мора и за повозрасните.
Пред објективот на нашата каметра кажуваат колку многу ги има по градот, укажувајќи на опасноста од нив.
Факт е дека се поголем е број на кучиња скитници кои се движат по градот, признава директорот на Комуналното претпријатие. Во последен период нешто чудно се случува, потенцира првиот човек на претпријатието. Забележана е појава, како во Струга, организирано, со товарно возило, во доцните вечерни часови се носат глутници кучиња од другите градови, потенцира Петко Кутаноски.
„Имавме јавувања од граѓани кои забележале како товарно возило, со тетовски регистарски таблици на територијата на Струга остава голем број кучиња“-вели Кутаноски.
Тој кажува дека комуналното претпријатие има визија како да го реши овој проблем. Програмата за работа на истото предвидува проект за изградба на шинтерница, и истата е одобрена од страна на струшкиот совет.
Додека трајно се реши овој проблем, директорот апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни и да пријавуваат случаи доколку забележат како се носат кучиња скитници од други градови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град