Актуелниот вршител на должност директор на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Сашо Алче ќе остане на оваа функција најмалку до завршување на трансформацијата на јавното претпријатие.
Ова го најави градоначалникот Александар Петрески коментирајќи ги бројните шпекулации што деновиве проструија во јавноста.
„ Јас сум задоволен од работата на директорот , а верувам и вработените, затоа што за само три месеци задоа неколку заостанати плати“, вели градоначалникот Александар Петерски.
Инаку, до неодамна првиот човек на ЈП Комуналец го избираше советот, но поради можноста ова тело политички да делува, направени се измени и според новиот статут на општината директортот на ЈП Комуналец го назначува градоначалникот. „За тоа кој ќе биде директор јас едниствено одговарам пред граѓаните, а не према партијата или разни лоби групи, вели Петрески.
Градоначалникот не крие дека Алчев ќе биде в.д директор на Јавното претпријатие, се додека трае процесот околу делбата на Комуналец на повеќе Јавни претпријатија.
„Тоа е наша законска обврска, која мораме што побрзо да ја спроведеме, за доброто на градов и за државава“, вели градоначалникот Петрески.
ТвМ уште во месец мај објави дека „Комуналец“ ќе се дели, и тоа на четири претпријатија. Оваа делба ќе биде согласно делокругот на работењето на досегашните работни единици, и тоа: комунално, гробишта, пазар, како и паркови и зеленило. Овие промени се резултат на законските прописи, кои одамна се применети во Скопје и други градови низ Р.Македонија.
Со оваа поделба на ЈП „Охридски Комуналец“ се очекува дополнително да се подобри работењето на ова претпријатие и секако услугата кон граѓаните. Дали навистина на овој начин се подобро ќе функционира останува да видиме.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град