Охридските земјоделци заинтересирани за субвенции

Над 1000 охридски земјоделци покажале интерес за одгледување на растителни култури, живина и добиток кој  финасиски ги  подржува  државата.

 |  Валентина Нелоска  | 
лого
logo

Над 1000 охридски земјоделци покажале интерес за одгледување на растителни култури, живина и добиток кој  финасиски ги  подржува  државата.

Biljana GorceskaБројот на заинтерсираните земјоделци постојано се зголемува вели раководителот на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството, Билјана Ѓорческа.
Засега, охридските земјоделци се најзаинтерсирани за  одгледување на грозје за кое добиваат по 2,5 денари за секој  предаден килограм  во охридската винарија. Интерес има кај сточарите  за одгледување телиња по вештачки пат, а и за продадено кравјо млеко во млекара.  Од годинава се добива финансиска подршка и за нови култури, од 9-те милиони денари наменети  за финасирање на земјодеството и сточарството. Тоа се  медоносните култури фацелија, еводија и багрем објаснува Ѓорчева. За нивно одгледување се добива по 2500 денари за засеан хектар, или 8 денари за садница. Минимумот на засадена површина е 0,3 хектари кажува Ѓорческа.
Финасиски се подржува и одгледување на сертифициран семенски материјал од градинарски, житни и индустриски култури. За подигнат овошен и лозов насад се  добива субвенција од 12.000 денари. Не се заборавени ни сточарите, а ни производителите на живина. Посебно на бројлерите, но и  на амортизираните несилки предадени во кланица.  Ѓорческа од  Агенција за потикнување и развој на земјоделството нагласува дека поднесувањето на документацијата започнала на 5 октомври и ќе трае до 5 ноември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top