Македонија утре против Катар игра пријателски натпревар

Македонската фудбалска репрезентација утре против Катар ќе го одигра првиот натпревар по завршувањето на квалификацискиот циклус за Светското првенство кое идната година ќе се игра во Јужна Африка.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Македонската фудбалска репрезентација утре против Катар ќе го одигра првиот натпревар по завршувањето на квалификацискиот циклус за Светското првенство кое идната година ќе се игра во Јужна Африка.

reprezentacijaСелекторот Мирсад Јонуз утрешниот натпревар го смета за почеток на нов проект во репрезентацијата кој треба да заврши со постигнување на добри резултати во квалификациите за Европското првенство 2012 во Полска и Украина.
Нови имиња во националниот тим се Душан Савиќ, Глигор Глигоров, Марио Ѓуровски, и Роберт Попов, а ги нема Дарко Тасевски, Влатко Гроздановски и Роберт Петров. Целта е да им се стави до знаење на сите дека место во првиот состав ќе има само за најподготвените и тие што најмногу ќе се ангажираат.
Дебитантот Марио Ѓуровски очекува да прикаже добра игра и ветува дека ќе ја оправда довербата на селекторот.

– Најпрвин очекувам да биде се во ред со документите околу државјанството и пасошот. Мислам дека подготовките во хрид добро ги одработив и утре доколку добијам шанса за настап ќе се прикажам во добро издание. Верувам во квалитетот на оваа репрезентација и очекувам многу успеси во иднина.

Пријателскиот натпревар Македонија – Катар ќе се игра во Скопје на арената „Филип Втори“ со почеток во 14 часот.
Влезниците може да се купат на билетарниците пред стадионот по цена од 200 денари и тие ќе бидат само за Северната трибина бидејќи на другите се изведуваат градежни зафати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top