Хотелите, рестораните и сендвичарите, покрај индустриските објекти ќе треба да изготвуваат Елаборати за заштита на животната средина. Ова стои во најновата уредба за дејности кои подлежат на изготвување на Елаборат за оцена на животната средина, а врз основа на Законот за животната средина. Со оваа законска новина не се запознаени голем број угостители иако велат дека ја поздравуваат. Досега, на пример, со прегореното масло од фритезите, угостителите се справувале секој на свој начин. Љупчо Патче вели дека тој подолго време се грижел тоа да не заврши во канализација.
„Го складирам во посебни канти и го предавам на откупна компанија за преработка на биогориво обајснува“ потенцира тој . Ја нагласува потербат од постојана потерба за грижа кон животната средина, иако не е запознат со најновите прописи.
Инспекторите во контролата на објектите се поделени во надлежностите. Помалите угостителски и индустриски објекти се под надзор на општинскиот инспекторат, а поголемите од инспекторатот на Министерсвото за животна средина. Контролите од општинскиот инспекторат покажале дека досега само два индустриски објкети изготвиле Елаборат за заштита на животната средина, а што не е случај и со угостителските објекти вели раковосителот на општинскиот инспекторат Танасоски.
Во изготвување на Елаборатите за заштита на животната средина ќе бидат вклучени консултански куќи, од овластени експерти за заштита на животната средина и оценка дали објектите ја загадуваат или не животната средина. Во Елаборатите ќе бидат прецизирани мерките за заштита на животната средина. Незиготвувањето и неспроведувањето на Елаборатот ќе биде санкционирано. Законодавцот предвидел казни од 5000 до 20.000 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град