ИПА фондовите за НВО достапни или не?

Еколошките друштва од Струга конкурирале со проекти за преку гранична соработка, но повратен  одговор немаат добиено.

 |  Колоска Билјана  | 
gnrzdo
гнездо

Еколошките друштва од Струга конкурирале со проекти за преку гранична соработка, но повратен  одговор немаат добиено

JабланицаКолку од невладините организации знаат правилно да ги искористат средствата кои гу нудат ИПА фондовите? Иако крајниот рок за аплицирање со проекти заврши кон почетокот на месец  август досега апликантите немаат добиено повратен одговор, дали тие изработиле проект по поставените критериуми. На овој повик се јавиле околу 6  невладини огранизации од Струга, меѓу кои и „Енхалон“ и „Еко-Вел“. Средствара од ИПА фондовите начално се пристапни но во пракса тешко остварливи.  
„Многу од критериумите кои се бараат се по европски стандарди, и подеднакво важат за сите земји, само што ние сме далеку од нив во  условите за работа“-, вели Мате Гогоски од еколошкото друштво „Енхалон“.
Овдешните невладини организации имаат стручни лица за да изготват проекти по европски стандарди. Можеби на почетокот незнаевме како тоа да го направиме но сега, по неколку обуки добро сме упатени. Струшките невладини организации се оптимисти дека ќе добијат средства за реализација на нивните проекти. Во тоа е убеден и Урим Каба од невладината организација „Еко-Вел“ од каде имаат конкурирано со проект за заштина на реката Црн Дрим од отпадоци.
„Ние предлог проектот го изготвивме за кратко време но сметаме дека е соодветен и се запазени сите критериуми. На него работеа стручни лица, тоа е една од причините зошто истиот би ги добил средствата од ИПА фондовите“-вели Каба.
Од невладината организација „Еко Вел“ велат дека доколку добијат средства за овој проект, нивна цел е да го едуцираат населението кое гравитира по потегот на Дрим, да посвети поголемо внимание околу чистотата на реката.
Со слични намери се и до „Енхалон“ но за заштита на планината Јабланица.
Нивниот проект е во соработка со општина Либражд, партнерот од Албанија. И двете општини имаат заеднички интерес од реализација на проектот, но пред сетоа го правиме за што поскоро прогласуање на Јабланица за националне парк, вели Гогоски. Во моментов пресудно е дали Овие прокети ќе бидат финансирани од ИПА фондовите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top