Во Вевчани се работи

Градоначалникот на Вевчани од ова место ќе прави мала функционална општина.

 |  Колоска Билјана  | 
Pero Ilieski
Перо Илиески

Градоначалникот на Вевчани од ова место ќе прави мала функционална општина.

Долгот кој го наследив, ќе се потрудам за кратко време да го исплатам, вели градоначалникот

VevcaniПолни раце работа за градоначалникот на Вевчани. Туризмот, новата училишна зграда, како и многу инфраструктурни проекти, се само дел од приоритетите ставени на агендата за  работа на првиот  човек на оваа општина. Вевчани нема блокирана сметка но има долг од 4 милиони денари, кажува градоначалникот Перо Илиески. Се надеваме дека за краток период ќе успееме да го исплатиме истиот, додава градоначалникот.

Уште од моето доаѓање на оваа раководна функција, потенцира тој,  заложбите беа и ќе бидат во иднина што поскоро да се изгради новата училишна зграда.
Илиески се пофали дека само за неколку месеци, реализирал значајни инфраструктурни проекти,  асфалтирање улици и поставување осветлување по Вевчани.

„Со подршка на Владата во делот на вработувања, во Вевчани вработивме 6 лица, задолжени за хигиената на општината. Резултатите на нивниот ангажман се повеќе од очигледени. Исто така од донација, по улиците во Вевчани поставивме корпи за отпадоци“-истакна  Илиески.

„Вевчани има со што да се пофали и од аспект на  туризмот, но од она што затекнавме, констатиравме дека нема генерална стратегија за развој на оваа гранка“- потенцира градоначалникот.

Во корист на туризмот, сакаме повторно да го ставиме во функција ИНФО бирото. Да го решиме проблемот со локацијата за автобуска постојка како и  и да се обезбеди простор за паркиралишта, потенцира Илиески. Се надева дека резултатите ќе бидат видливи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top