Охриѓани помагаат за Бигорски

Отец Ромео, даде благослов за хуманитарна помош. Црквата Св. Тројца во име на граѓаните на Охрид ќе донира 200 килограми пиперки обработени како ајвар, лутеница и малиџано.

 |  Николовска Биљана  | 
podgotovka na ajvar
подготовка на ајвар

Отец Ромео, даде благослов за хуманитарна помош. Црквата Св. Тројца во име на граѓаните на Охрид ќе донира 200 килограми пиперки обработени како ајвар, лутеница и малиџано.

podgotovka na ajvarАјвар, лутеница и малиџано како хумана помош од охридската црква Св. Тројца ќе замине за Св.Јован Бигорски. Со благослов на Отец Ромео, овие два дена доброволно петнаесетина жени во атарот на црквата Св. Тројца, подготвија 200 килограми пиперки кои се донација на граѓаните на Охрид. Преку овој гест тие сакаат да помогнат во ублажување на кризната состојба на монасите на опожарениот манастир Св. Јован Бигорски кои останаа без храна и живеалиште. „Црковната музика, духовната молитва и работата во црквата Св. Тројца не води кон целта која што сакаме да ја постигнеме во чест на големата светиња“, изјави Марија Петреска организаторот на оваа иницијатива.
Големата загуба што ја претрпе манастирот Св. Јован Бигорски е од непроценливо богатство. Многу треба да се направи за да се надомести изгубеното сметаат верниците. Нивниот апел е кон сите во државава, да помогнат за Бигорски, кој важи за еден од највредните и најпосакуваните манастири на Балканот.
Отец Доситеј од Бигорскиот манастир вели дека финансиска помош пристигнува и од сите страни за обнова на манастирот, но она што досега е собрано не е доволно бидејќи се работи за голем зафат.
Познато е дека во пожарот што избувна во три часот изутрината на 30.септември годинава во манастирот „Свети Јован Крстител“, познат како Бигорски, кај Дебар, целосно изгоре стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта. Штетата се смета за непроценлива поради архивите и старите списи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top