Пилотот на Браун ГП, Рубенс Барикело не мисли дека предвреме треба да се прават пресметки за титулата.
Tој единствено сака да се концентрира на следната трка во Формула 1 циркусот за оваа година која е и предпоследна на календарот а ќе се вози во неговиот роден Бразил.
Барикело заостанува 14 поени зад водечкиот во генералниот пласман и негов клубски колега Џенсон Батон а истовремено тој е загрозен од третопласираниот Себастијан Фетел кој исто така сеуште има шанси да се бори за титулата.
„Не сакам да правам предвреме сметки за титулата. Одам во Бразил со единствена цел, да победам и друго ништо не ме интересира“, изјави Барикело.
„Се надевам дека ќе останам во борба за титулата до последната трка и дека на крајот јас ќе бидам тој што ќе се радува на титулата. Шансите не ми се многу големи но не се ниту такви какви што беа кога заостанував 26 поени“, заврши Бразилецот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град