Македонија и Бугарија после големата бродска трагедија мора да ги надминат сите негативности и недоразбирања. Оваа порака упатена е од страна на здружението „Охрид 5 ти септември“ во знак на понатамошна соработка меѓу двете земји, на полето на туризмот.
Големата бродска незгода во која 15 бугарски туристи се удавија во водите на Охридското езеро, не треба да делува врз досегашната добра меѓудржавна соработка на полето на туризмот. Оваа се дел од настојувањата и пораките на здружението „Охрид 5 ти септември“, упатени до Бугарскиот конзулат во Битола и сите останати инволвирани во случајот со бродот „Илинден“.
Вчера и официјално пред бугарскиот конзул Наум Кајчев во Битола, упатена е покана од здружението, за учество на барем 2 членови од семејствата на трагично настраданите по повод панихидата, која ќе се одржи на 17 октомври во организација на црквата Св Софија.
Од здружението „Охрид 5ти септември“, велат дека и понатаму ќе настојуваат на фер и праведно судење за Сотир Филев, кој е единствен обвинет за бродската незгода. Но револтирани се од досегашниот тек на судската постапка. Досегашниот судски епилог еден обвинет, на кој вчера му беше продолжена мерката притвор според нив е крајно неприфатлива.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град