Флуоризираното млеко ги исплаши и охриѓани

Владината програма за флуоризирано млеко ја разбранува и охридската јавност. Многу родители во 5-те објекти на детската градинка “Јасна Ристеска“ не дале согласност децата да им пијат флуоризирано млеко.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Владината програма за флуоризирано млеко ја разбранува и охридската јавност. Многу родители во 5-те објекти на детската градинка “Јасна Ристеска“ не дале согласност децата да им пијат флуоризирано млеко.

ordinacijaСамо 130 родители од 280-те деца кои треба да бидат опфатени со програмата на возраст од 3 ,4 и 5 години, потпишале согласност вели директорката на градинката Марина Тодороска Петровска.
Раководителот на Стоматолошката служба при „Здравствен дом“ Охрид, специјалистот по детска и превентивна стоматологија, д-р Вера Наумоска,  порачува, место за паника нема. Дека флуорот влијае врз редукција на кариесот на забите, во светот е познато од пред 60 години. Вакви програми биле применувани во многу европски земји.  Билошкиот мониторинг што ќе се води во градинките е добра работа за да се испита концентарцијата на флуорот во урината, затоа што децата внесуваат флуор и по други патишта. Но, се е под контрола и ништо не е препуштено на случајност додава таа.  Евиденција за секое дете ке се води посебно во соработка со воспитувачките од детските градинки децидна е д-р Наумовска.
Најчестите прашања кои ги мачат  родителите се однесуваат дали флуорот е опасен и зошто го нема флуоризираното млеко во слободна продажба.
На ова д-р Наумовска е категорична ако слободно се продава флуоризираното млеко тешко ќе може да се контролира  неговата употреба.   
Специјалистот д-р Вера Наумовска објаснува дека  флуорот ако не е дозиран е штетен за организмот исто како кога би се изеле килограм сол или мед. Во една чаша има 0,5 мг флуор која е оптимална дневна доза.   
Инаку ситуацијата со кариозните заби во Македонија е катастрофална вели д-р Наумовска. Научните студии покажуваат дека 80% од децата над 5 години имаат кариозни млечни заби, а на возраст од 12 години има 7 посто каризони трајни заби. Во Охрид ситуацијатa е следна. Децата над 5 години имаат 9 посто кариозни млечни заби, а 11 посто се со кариозни трајни заби. Охридското поднебје е едно и  од најсиромашните подрачја во земјава со флуор во водата за пиење. На еден литар вода во градската водоводна мрежа има  само 0.05 мг флуор додава д-р Наумовска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top