Секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски ги отфрла како неосновани гласините кои кружат низ чаршијата дека локалната самоуправа е пренатрупана со нови вработувања. Вревезоски смета дека 140-те вработени кои во моментов се ангажирани соодветствуваат на задачите кои ги извршуваат за Советот и Градоначалникот.
Тој ги отфрла и забелешките на јавноста кои се однесуваат на бројот на возачите кои се ангажирани во општината дека може да им позавиди и Галеб. „ 6- те вработени возачи се целосно ангажирани. Ние имаме надлежности кои се одвиваат на терен, а тука се секторот за финасии и даноци, одделението за комунални дејности, секторот за урбанизам , како и постојаната соработка на локалната со државните органи на централно ниво“ додава секретарот.
За новата систематизација и новите вработувања Вревезоски вели дека советниците ја изгласале одлуката. Правилникот за систематизација е во надлежност на градоначалникот и тој ќе се подготвува. Но, тоа не значи дека ќе има само нови вработувања, а не и прераспределба на работни места додава Вревезоски. Тој ги негира и тврдењата дека во касата на општината се инкасирани само 30 посто од планираните средства.
„Од планираните 465.396.543 денари, во општинскиот буџет до 30 септември се реализирани 266.260.382 денари објаснува Вревезоски. До крајот на годината се очекува сегашниот процент од 57 посто да биде далеку поголем“, вели општинскиот секретар, Вревезоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град