Филевски останува во притвор

Уште 30 дена притвор за капетанот на бродот „ИЛИНДЕН“, вака денеска одлучи кривичниот совет при основниот суд во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ilinden
Илинден

Уште 30 дена притвор за капетанот на бродот „ИЛИНДЕН“, вака денеска одлучи кривичниот совет при основниот суд во Охрид.

IlindenМерката притвор која на Сотир Филевски му ја изрече министерството за внатрешни работи  , после бродската несреќа, му истекуваше денеска.

Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид донесе одлука да му биде продолжен притворот на капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски, за уште 30 дена.
Министерството за внатрешни работи против Филески поднесе кривична пријава за извршено „тешко дело против безбедноста на луѓето во сообраќајот“, при што му беше изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена, што истекуваше денеска во 13:30 часот.

Судијата Весна Кичеец, која ја води истрагата околу бродската несреќа, изјави дека предметот по случајот „Илинден“ е веќе оформен и наскоро ќе биде доставен до членовите на експертската комисија. Се очекува деновиве да биде извршено и финалното вештачењето на „Илинден“ за утврдување на техничката исправност на бродот, односно утврдување на причинита за бродската несреќа. Од вештачењето и ставот на членовите на комисијата составена од експерти од Македонија, Словенија и од Хрватска ќе зависи дали обвинението за несреќата ќе биде проширено и врз други лица.

Инаку, непосредно по несреќата во Охрид беше формирано Здружение на граѓани „5-ти Септември“ кое покрена иницијатива за утврдување на вистината за потонувањето на бродот „Илинден“ и фер судење за капетанот Филески. За таа цел беше покрената и петиција која резултираше со околу осум илјади собрани потписи на граѓани кои беа предадени на Јавното обвинителство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top