Охриѓани ќе го видат „Патот на мечот“

Охрид домаќин на трет „Кендо балкански шампионат“. Се натпреваруваат повеќе од 120 учесници, од 7 земји од Европа.

Кendo
Кендо

Охрид домаќин на трет „Кендо балкански шампионат“. Се натпреваруваат повеќе од 120 учесници, од 7 земји од Европа.

KendoТрет кендо балкански шампионат се одржува во спортската сала „Биљанини извори“. Овојпат учество земаа најголем број учесници, односно претставници на 7 европски земји, со над 120 натпреварувачи. Спорот со името е причина поради неприсуството на Грција. „Охрид како домаќин и овојпат ќе блесне во најдобро светло, изјави градоначалникот Петрески. Се покажавме како извонредни домаќини на претходните европски и светски првенства, ќе го направиме тоа и овој пат, се за доброто на достојна промоција на нашиот град пред светот“, додаде тој.

„Кендото претставува јапонска боречка вештина, која од пред 4 години веќе е и спорт. Самото нејзино име во буквална смисла значи „Пат на мечот“. Истата претставува најзначајно нешто во јапонската филозофија на живеење“, вели капитенот и селектор на македонската репрезентација Златко Кецкоски. „Оваа вештина ги поттикнува сите најдобри особини кај човекот, како што се почитта, самодовербата, самодисциплината, прецизноста, чесноста, воопшто таа значи начин на живеење“, вели тој. „Нашата репрезентација е најмладиот член во светската кендо федерација. Останатите учесници на ова натпреварување имаат над 20 годишна традиција, така да секој успех кој ќе постигнеме овде, ќе претставува огромен резултат за нас“, вели Кецкоски.

Кендото како спорт во Македонија е присутен веќе 5 години, и е рамноправен член во Европската кендо федерација, под уставното име. Опстојуваат 6 клубови со над 200 партиципиенти. Македонските учесници, како и минатата година, и на овогодинешното првенство, очекуваат да се закитат со медал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top