Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на денешното заседание во Копмехаген го избра бразилскиот град Рио де Женеиро за домаќин на Летните олимписки игри во 2016 година.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на денешното заседание во Копмехаген го избра бразилскиот град Рио де Женеиро за домаќин на Летните олимписки игри во 2016 година.
Во финалниот трет круг на гласање Рио доби повеќе гласови од притивкандидатот Мадрид, со што стана првиот град во Јужна Америка што ќе биде организатор на една Олимпијада.
Во првиот криг на гласање отпадна американскиот фаворит Чикаго, а во вториот круг јапонската престолнина Токио.
Елиминирањето на Чикаго, кој пред деншното гласање важеше за фаворит, уште во првиот круг, во спортските кругови се оценува како едно од најголемите изненадување на изборите за домаќин на една Олимпијада.
Во поддршка на кандидатурата на Чикаго, лично застана и американскиот претседател Барак Обам, кој дури и допатува во Копенхаген.
Следните Летни олимписки игри ќе се одржат во 2012 година во Лондон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град