Христијаните денес слават „Вера, Нада, Љуба“

„Христијанските верници, со света литургија, денеска го слават денот на маченичките Вера, Нада и Љуба, ќерки на Света Софија.

„Христијанските верници, со света литургија, денеска го слават денот на маченичките Вера, Нада и Љуба, ќерки на Света Софија. Тие живееле во почетокот на вториот век, во Рим, каде поради својата длабока вера во бога, го загубиле својот живот, измачувани од тогашните власти.

verniciИако знаеле каква маченичка смрт ги очекува, кај нив нималку не стивнала верата во Севишниот. Длабоко биле убедени дека оној кој ја почитува вољата Божја, ќе биде благословен и вечно ќе живее“, вели Отец Атанас Казанџиски. Исто така тој дополнува дека во ова брзо темпо на живот, кое сите го практикуваме, верата надежта и љубовта, треба да го красат секој Христијанин.

„Храмот посветен на трите маченички, Вера, Нада и Љуба, веќе 10 години го одбележува овој ден“, вели Љупчо Патчев. „Ме радува големото присуство на верници, што ме исполнува и ми дава сила да продолжам ваквата пракса да ја надополнувам секоја година“. „Јас сум бескрајно срекен и исполнет на овој ден“, вели тој.

Љупчо Патчев, кум на прославата, воедно е и сопственик на овој верски објект. „Во 2000 год. Кога светот славеше 2000 год од Христијанството, дојдов на идеја да ставам некаков белег во таа насока“, вели тој. „Некаква Божја сила извираше од мене, токму на ова место да го изградам овој храм. Се надевам дека направив вистински потег и овозможив на верниците и на ова место да бидат поблиску до Бога“, вели тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top