Охрид, бетонско чудовиште

После жестока расправија советниците ја прифатија Предлог одлуката за 6 тата урбана заедница.

 |  Татјана Маленкова  | 
sovetnicka
советничка

После жестока расправија советниците ја прифатија Предлог одлуката за 6 тата урбана заедница.

sovetnikСоветниците на ВМРО ДПМНЕ обвинија дека со вакви одлуки на Охрид може да му се залепи епитетот „Охрид, бетонско чудовиште“.

Советниците на денешната 7 ма седница ја усвоија  предлог – одлуката за донесување ДУП за 6-та Урбана заедница. По едночасовна дебата околу  оваа предлог одлука, советниците од ВМРО ДПМНЕ укажаа дека Охрид со вакви планови се претвора на бетонски гигант.

Љубен Буџакоски укажа на еден проблем на наши сограѓани. „ Тие се жалат дека маркицата за новата куќа им е залепена за влезот од старата“, вели Буџакоски. Тој обвини дека вакви проблеми  се јавуваат затоа што администрацијата работела во канцеларија, без да излези на терен.

Во врска со овој случај, тврдам дека е запазена законската регулатива, а со тоа и сите законски прописи, вели Благунка Трпкоска, урбанист во фирмата ИМПУМА, која е изготвувач на проектот.

И началникот на одделението на Урбанизам при Општина Охрид, Бранко Арнаудов, тврди дека урбанистичките планови се прават според стратегијата за градба на локалната самоуправа.

„Охрид стана град на бетонски гиганти. Години зборуваме за урбана деградација, која за жал не застанува. Охрид прераснува во бетонско чудовиште“, вели советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.

Инаку изгласаниот ДУП го  вклучува опфатот меѓу „Туристичка“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Карпош Војвода“ со површина од 10,42 хектари. Денеска ДУП за 6-та Урбана заедница беше изгласан со 13-те гласови на „мнозинството“ и  8 „воздржани“ и 1 „против“ од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top