Ајвар, pro et contra

Македонскиот национален идентитет се огледува преку овој специјалитет. Ајварот има екстремно ниска нутритивна вредност, но сепак се подготвува во сечиј дом.

nutricionist
нутриционист

Македонскиот национален идентитет се огледува преку овој специјалитет. Ајварот има екстремно ниска нутритивна вредност, но сепак се подготвува во сечиј дом.
nutricionistЗапочна сезоната на подготовка на зимници. Препознатливата арома на ајвар можеме да ја намирисаме насекаде. Македонскиот народ, низ историјата е навистина намачен, па така и подготовката на сите национални јадења претставува долготраен и исцрпувачки процес, велат нашите домаќинки.Оние кои ја практикуваат припремата на ајварот, велат дека тој претставува експонат на нашата традиционална кујна, со став дека неговата ниска нутритивна вредност, не може да ја намали неговата висока национална вредност.

Пиперката претставува хранлив продукт, кој е псклучително богат со витамини и минерални материи. Таа е најдобар извор на витамините Ц,А,Е и К. Од минералите во составот на пиперката влегуваат калиум, калциум, цинк и железо. Капсалцинот дава лутост, и е подобар од нутритивен аспект бидејќи ја подобрува перисталтиката на желудникот и го забрзува метаболизмот.Присуството на витамин Ц од 120мг. е исклучително висока вредност, која во споредба со лимонот или портокалот е 4 до 5 пати поголема. Единствено шипинката содржи малку повисоко ниво на витамин Ц, а боровинката е на исто рамниште со пиперката, велат експерите за нутриционистички науки.

Трикратната термичка обработка, печење, пржење и пастеризирање, во целост ја уништуваат целокупната квалитетна вредност на пиперката, велат експертите. При ваквата обработка витаминот Ц сосема се губи, а витаминот А останува само во трагови. Истото се случува со минералите калиум и железо, па токму поради тие причини исчезнува сета нутритивна вредност на пиперката. Единствената корисна нишка во ајварот се растителните влакна кои ја подобруваат перисталтиката на цревата, велат експерите.

Ниту казните во висина од 50 евра, кои ги изрекува општинскиот инспекторат, за подготвување на ајварот на јавни површини, не влијаат да не се прави овој национален специјалитет. Ајварот е наша гордост, преку него сме препознатливи во светот, илјадници тегли како готов производ летаат по светот за нашите иселеници, па колку и да е мачна неговата припрема, тој ќе продолжи да опстојува како наше национално обележје, е ставот и на граѓаните и на експертите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top