Први натпревари од 2 коло на Лигата на шампиони

Во првите натпревари од 2.коло во фудбалската Лига на шампиони глевен лик синоќа беше Стеван Јоветиќ, кој со двата гола во првото полувреме и донесе победа на Фиорентина  против Ливерпул.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Во првите натпревари од 2.коло во фудбалската Лига на шампиони глевен лик синоќа беше Стеван Јоветиќ, кој со двата гола во првото полувреме и донесе победа на Фиорентина  против Ливерпул.

Во вториот натпревар од Е групата Дебрецин беше поразен дома од Лион со 4:0. Француската екипа е прва со 6 бодови, пред Фиорентина и Ливерпул со по 3, Дебрецин е без бодови.
Во Ф групата европскиот првак Барселона славеше дома со 2:0 против Динамо Киев, додека Интер одигра нерешено 1:1 со Рубин.

Барселона е прва со 4 бодови, пред Динамо Киев со 3, Интер има 2, а Рубин 1 бод.
Шпанската Севиља сигурно оди кон првата позиција во групата Г откако со 4:1 на гости славеше против Глазгов Ренџерс, додека Штутгарт одигра 1:1 на гостувањето во Романија кај Униреа.
Севиља со 6 бодови е прва, пред Штутгарт со 2, додека Глазгов Ренџерс и Униреа имаат по 1 бод.
Арсенал се намачи да стигне до победата против Олимпијакос, но сепак „топџиите“ со 2:0 триумфираа против грчкиот тим.
Со голот на Траоре во последната минута за 1:1 Стандрад освои бод на гостувањето кај АЗ Алкмар.
Со 6 бодови во групата Х води Арсенал, Стандард има 2, а Олимпијакос и АЗ имаат по 1 бод.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top