Втора велосипедска патека на НП „Галичица“. Поради големиот интерес на младите велосипедисти, во рекордно време од нецела година, првиот човек на паркот Зоран Ангеловски уреди две велосипедски патеки.
Додека во градот велосипедските патеки се повеќе се узурпирани од возила или се користат како паркинг простор, на НП „Галичица“ за нецела година никнаа две обележани и уредени патеки. Тоа пред се е заради големиот интерес на младите велосипедисти кои секојдневно се помасовно И организирано пројавуваат интерес за планинскиот велосипедизам, вели Зоран Ангелоски директорот на „Галичица“.
Новата патека која неделата и официјално беше промовирана преку организација на рекреативен планински велосипедски маратон, значи воспоставување на систем на велосипедски патеки во паркот со цел голема туристичка промоциија вели Ангелоски.
Од НП „Галичица“ најавуваат дека до крај на 2009 година ќе следат низа новини, многу започанти проекти ќе бидат финиширани со што НП ќе ќе излезе од границите на Европа и ќе го освојува светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град