За разлика од другите делови од Македонија, во охридско-струшкиот регион фискализацијата на ниво.
Сите стопански субјекти го почитуваат законот, набавиле фискален апарат, велат од регионалната дирекција на УЈП.
Фискализацијата на високо ниво во Охрид и Струга. Речиси, сите даночни обврзници набавиле фискални апарати.
Зачестените контроли потврдуваат дека обврзниците си ги почитуваат законските одредби и ја спроведуваат фискализацијата во целост, вели Петко Колчакоски, директор на регионалната дирекција на УЈП во Битола. Негова отценка е дека истата во охридско-струшкиот регион зазема голем замав.
„Резулататите се огромни, последниве месеци подобрена е наплатата на приходите према буџетот.. Соработката помеѓу даночните обврзници и управата даваат плод, посебно со наплата на прифодите“-вели Колчакоски.
Покрај сериозноста на даночните обврзници, зголемената наплата на приходи, се должи и на честите контроли од страна на претпоставените во општинските Управи, но и на граѓаните. Тие се значаен факрот кој влијае врз процесот на фискализација, вели Колчакоски. Доколку потрошувачите зачестено при секоја услуга бараат фискална сметка, тогаш даночните обврзници на некој начин се приморани да издаваат фискална сметка или во случај доколку не се фискализирани да го напрват тоа, додава соговорникот.
Граѓаните пак стекнаа навика при пазарење да земаат и фискалана сметка.
Трговските работници се едногласни дека при секое купување на било каков производ задолжително издаваат фискална сметка, а на потрошувачите останува дали со себе не ја понесат истата.
Повеќе од очигледно е дека во струшкиот регион речиси и да нема фирма која не е фискализирана, дури и по струшките села, велат трговците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град