Дали Бродот „Илинден“, кој е вкотвен во каналот „Студенчишта“, ќе остане само експонат, или повторно ќе вплови во водите на езерото?
Ова прашање деновиве си го поставуваат охриѓани. Одговорот ќе следи одкога ќе заврши истражната постапка, велат од судот.
Истражната постапка за бродот „Илинден“, се води под итна процедура за разрешување. Оваа информација за ТВМ ја потврди истражниот судија Весна Кичеец. Според неа итноста на постапката се наложила заради тоа што се работи за притворенички предмет. Сеуште се прибираат информации од распит на сведоци, се прибира писмена документација и сите останати потребни работи кои ги налага комплетната истражна постапка, вели Кичеев. Во моментов нашите експерти заедно со претставници од Хрватска и Словенија сеуште се организираат и се договараат за дополнителни дејствија. Тие се однесуваат за докомплетирање и финиширање на истрагата, вели Кичеец. Таа додава дека се прават напори што е можно побрзо случајот да заврши, како би се дефинирале сите понатамошни делувања и крајниот епилог. Деновиве во јавноста се поставува и прашањето што понатаму со бродот „Илинден“.
Од охридската капетанија велат дека не е исклучена можноста бродот повторно да полови, доколку се докаже дека технички е исправен.
Инаку сеуште не се знае како ќе тече судскиот процес на засега единствениот обвинет Сотир Филев кој моментално издржува мерка притвор. Кичеец рече дека тоа зависи од обвинителот. Обвинителот Зоран Митрески пак објасува дека сеуште е рано да се зборува дали Филев ќе биде пуштен или ќе му биде продолжен притворот. Ова се најновите податоци за бродот „Илинден“, кој потона во водите на езерото при што животот го загубија 15 бугарски државјани а околу 40 сетина беа спасени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град