Јавашлукот продолжува

Време е за сумирање на резултатите од туристичката сезона.

 |  Валентина Нелоска  | 

Показател дали имавме или не успешна туристичка сезона треба да бидат инкасираните пари во општинската каса по основ  на вкупните ефекти од туристичкиот промет.

Goce SimonoskiСлужбите во локалната самоуправа сеуште немаат целосна слика какви се овие ефекти. На ниво на Македонија добивката изнесува  3 милјарди денари за првит е6 месеци, а овој  износ на локално ниво сеуште  не е целсоно сумиран. Од подтаоците на Лер-от во периодот јануари – јули во Охрид престојувале 106.132 гости, кои оствариле 502.782 ноќевања. Ефектите пак од  угостителскиот промет не се целосни. Не се знае точно ни колку пари се собрани од дозволите издадени за урбаната опрема уплатени на сметка на ЈП Комуналец.

И од концесијата на плажите не се знае сеуште колку пари ќе влезат во општинската  каса , иако се знае дека 70 посто од парите одат на конто на државата, а 30 посто во локалната самоуправа.
Од планираните, пак  20 милиони денари од туристичка такса досега се прибрани 14 милиони денари, нагласува раководителот  на секторот за туризам и  локален економски развој , Гоце Симоноски. Со ваквите нецелосни податоци кои се од голема  важност за да се види сликата колку била успешна оваа туристичка сезона во општината,  го отвараат  прашањето колку службите задолжени за обработка на податоците навремено ја вршат својата работа. Се наметнува констатцијата дека јавашлукот во обработката на податоците од туристичката сезона како да се повторува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top