Бугарите први во квалификациите

По завршетокот на денешните квалификации за интернационалното првенство во гимнастика, тимот од Бугарија триумфира, пред екипите од Србија и Македонија.

gimnastika
гимнастика

По завршетокот на денешните квалификации за интернационалното првенство во гимнастика, тимот од Бугарија триумфира, пред екипите од Србија и Македонија.

gimnastikaДино Бошњак, на вратило, достојно ја претстави нашата земја, велат организаторите.

Бугарија со освоени 134.975 бода, е денешниот победник во квалификациите, пред екипите на Србија и Македонија.

„Нашите репрезентативци активно се подготвуваа, и денеска ги согледавме резултатите од  нивниот вложен труд“, вели Љупчо Арнаудов, претседател на гимнастичката федерација на Македонија.

„Иако конкуренцијата е силна, се надевавме дека нашите натпреварувачи достојно ќе се претстават, што се потврди со настапот на Дино Бошњак на вратило, вели тој. Присутната публика во салата „Биљанини извори“ ќе има можност да ги проследи изведбите на фаворизираните натпреварувачи од Бугарија и Австрија“, вели Арнаудов.

„Се запознаваме помеѓу себе, се дружиме и воопшто не стравуваме едни од други, како потенцијални конкуренти, велат натпреварувачите. Организаторите се покажаа како добри и внимателни домаќини и на мое изненадување дури и се сетија да ми го честитаат роденденот“, вели Ина, натпреварувачка од Бугарија.

„Со цел да се подигне нивото на сооднос помеѓу сите учесници на Балканијадата, присуствуваме и ние супервизорите на манифестацијата“, вели Цветана Добрева.

Учесниците на овогодинешното Балканско првенство, досега се задоволни од организацијата на натпреварот, вели Душан Тодоровски. Јас сум обземен од убавината на уметноста која се презентира овде, и можам слободно да кажам дека високото ниво на креација на натпреварувачите е доведено до перфекција, вели тој.

Утре со почеток во 11 часот свечено започнува интернационалното првенство во гимнастика. Организаторите на настанот најавуваат дека влезот за сите посетители ќе биде бесплатен, и апелираат за што поголема посетеност на салата „Биљанини извори“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top