Од локаланата велат дека во моментов се изработува студија која на велосипедистите ќе им обезбеди услови за непречено движење. Првиот човек на клубот за велосипедисти „ЕКО ДРОМ“ обвинува дека учесниците во сообраќајот немаат сообраќајна култура.
22 ри септември „Меѓународниот ден без автомобили“, во Охрид помина незабележано. Претседателот на планинско друмскиот велосипедски клуб ЕКО ДРОМ, Александар Јованоски вели дека кај нас за велосипедистите нема услови. Тој истовремено упати и обвинувања до учесниците во сообраќајот дека немаат сообраќајна култура.
Јованоски истакна дека планинско друмскиот велосипедски клуб ЕКО ДРОМ,во чест на „Меѓународниот ден без автомобили“, во недела на 27 септември ќе организира велосипедски маратон на Галичица.
Годиниве наназад се поголем е бројот на учесниците во сообраќајот кои што користат велосипеди. До неодамна тие можеа слободно да се движат по велосипедската патека само на Туристичка и дел од улицата 15 Корпус. „Мора за брзо време да обезбедиме услови со кои велосипедистите ќе имаат пристап од периферијата до центарот, велат од секторот за сообраќај, при локалната самоуправа.
Шикалески најавува дека во локалната самоуправа се подготвува сообраќајна студија за град Охрид а од неа еден дел ќе биде посветен и на велосипедистите и нивното безбедно движење. „Веќе се размислуваат алтернативите за пререгулација на сообраќајот, вели Шикалески. Во локалната самоуправа многу се дискутира во насока за безбеден сообраќај. Имаме воспоставено контакти, за реализација на еден проект кој би им бил од корист на граѓаните.
„Планираме на неколку пунктови во Охрид да поставиме велосипеди, кои граѓаните ќе можат да ги користат бесплатно, вели Шикалески.
Тој најави дека локалната самоуправа на повеќе пунктови во градов ќе постави статистички велосипеди кои би им биле во функција на сите рекреативци и граѓани на Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град