„Илинден“ извлечен

Бродот „Илинден“, кој потона точно пред две недели во Охридското езеро, извлечен е денеска околу пладне.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ilinden
Илинден

Бродот Илинден исплива на површина со помош на балони. Акцијата на извлекување на потонатиот брод се изведуваше околу 4 часа, под водство на стручниот тим од фирмата “ДУБИНА ИНЖИЊЕРИНГ од Хрватска.

„Сега засега не можеме да видиме видни штети на бродот, но тоа ќе го утврдат нашите стручни лица, рече директорот на бирото за јавна безбедност“, Љупчо Тодоров.
Екипи на оваа  специјализираната компанија по извлекувањето на бродот со пумпи ја извадија водата од трупот на ИЛИНДЕН кој беше оспособен за да може безбедно да биде извлечен на копно.
После повеќедневно координирање, утрово акцијата за извлекување на бродот ја започнавме во 8 часот, рече директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски.
Тодоров акцијата на извлекувањето на бродот ја следеше во целост.
„Би сакале, да се влезе во внатрешната на бродот, додека е ден, но ако увидот продолжи во вечерните чесови ние сме подготвени и имаме утврдено техника за осветлување на деловите од бродот, рече Тодоров.
Извлекувањето на „Илинден“ го следеа истражниот судија при Основниот суд во Охрид, Весна Кичеец и нејзиниот бугарски колега Ѓорѓи Илиев, кој оцени дека извлекувањето на бродот „Илинден“ е извршено професионално и согласно највисоките стандарди. Илиев пред новинарите ги дементираше шпекулациите дека Бугарите бара да учествува и во вештачењето на бродот.
„Имаше неколку критични моменти каде не смееше да дојде до подигање на еден дел за сметка на друг за да не дојде до оштетување. Се беше идеално направено и сега цел е бродот да се донесе во каналот каде истражните судии ќе можат да направат увид и да ги утврдат причините за несреќата“ изјави Илиев.
Илиев посебно им се заблагодари на сите оние што учествуваа во спасувањето на бугарските туристи,бидејќи,како што рече,ако не беа тие,трагедијата можеше да биде уште поголема. Акцијата за извлекување на бродот „Илинден“ ја следеа и министерот за транспорт Миле Јанакиески, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, како и бројни новинарски екипи и љубопитни граѓани.

Ilinden

Ilinden

Ilinden

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top