Аргентинскиот напаѓач во редовите на Барселона го продолжи договорот со каталонскиот клуб се до 2016 година.
Лионел Меси ќе остане во Барселона до 2016 година. Тој вчера во просториите на клубот го ставил потписот на новиот подобрен договор.
Меси дојде во Барселона во 2001 година а во 2004 на седумнаесет годишна возраст го имаше своето деви во првиот состав. Секашната клаузула за откуп изнесува 250 милиони евра. „Луѓето одат на фудбалски натпревари на ги гледаат најдобрите а моите фудбалери се токму тоа. Привилегија за Барселона е да има фудбалер како Лионел Меси.“изјави тренерот Пеп Гвардиола. Меси ќе остане во клубот 15 години бидејќи се приклучи во младинскиот сектор во 2001 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град