Охрид е позитивен пример

Немаме подготвени проекти по теркот на Европска Унија. Престои ризик земјата да остане без парите на европските фондови.

 |  Никловска Биљана  | 
Goce Simonoski
Гоце Симоноски

Немаме подготвени проекти по теркот на Европска Унија. Престои ризик земјата да остане без парите на европските фондови.

Goce SimonoskiПотребно е зајакнување на административниот капацитет е заклучок на претседателката на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шекеринска. Општина Охрид е позитивен пример како еден град може да ги  искористи парите од европските фондови. По сите основи, Македонија на располагање до 2013 година има стотина милиони евра. Познато е дека со проекти во најголем дел средствата можат да ги извлече Владата, но и претпријатијата, невладините и општините. Едно од основните начела за искористување на средствата е строго придржување на критериумите на Европска унија, која има дефинирани правила. Доколку сакаат да аплицираат општините мора да имаат направено стратешко планирање. Од Секторот за Локален економски развој Охрид велат дека тие уште пред пет години имаат подготвено стратегија,поради што се многу понапред во однос на останатите.
Во државата кај нас има стручњаци, но факт е дека нема административен капацитет за подготовка на проекти, вели Симоновски. Тој додава дека ЕУ дава точни насоки за тоа како треба да се подготви проектот. Средства од Европа се добиваат доколку однапрен е изготвен проектот со сите дефинирани работи а не како кај нас со едно писмо до министерот да се одобрат средства за некој проект кој не е изготвен, вели Симоноски.
Не треба да се испушти можноста за искористување на средствата, вели Симоноски. Престојат 2 меѓугранични програми меѓу Р.Македонија и Р.Албанија и Р.Македонија и Р.Грција
За двете програми дефинирани се три области, економски развој, животна средина и социјална кохезија. Целта е да се постигне економски развој во меѓуграничната зона во делот на економијата со посебен осврт на развој на туризмот. Ова е последна можност да се искористат средствата. Доколку не се искористат Симоноски вели дека можеби нема да има преалокација на средствата од Европа кои се влезени во програмата за 2011-2013. Да веруваме дека нема да се случи романското сценарио повеќе да се дава на Унијата отколку да се зема.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top