Земеш една, платиш две

Наместо една отсега две сметки од ЈП Охридски комуналец. Граѓаните покрај редовната за подигање на смет, отсега ќе добиваат уште една, за јавна чистота.

 |  Татјана Маленкова  | 
Saso Alcev
Сашо Алчев

Наместо една отсега две сметки од ЈП Охридски комуналец. Граѓаните покрај редовната за подигање на смет, отсега ќе добиваат уште една, за јавна чистота.

ulicaВисината на истата ќе се движи од 40 до 70 денари во зависност од реонот на живеење.Граѓаните за овој допонителен трошок, нема да добијат никава дополнителна услуга. Улиците и понатаму, ќе бидат кави што беа.  

Охриѓани отсега ќе добиваат по две сметки од ЈП Охридски комуналец. Оваа новина беше изгласана од страна на коалицијата на  советот на последната седница на 14 септември, во чиј што процес на гласање не присуствуваа советниците од ВМРО ДПМНЕ.

Координаторот на оваа советничка група Борис  Стефаноски на една од паузите се изјасна дека неговата советничка група не го подржува предлогот граѓаните да имаа дополнителен трошок за јавна чистота.  

„Овие измени и дополнителни трошоци кои ќе бидат на терет на граѓаните, се наша законска обврска“,вели директорот на ЈП Охридски Комуналец, Сашо Алче.

„Во законот е утврдено на кој начин се плаќа недоместокот и висината се утврдува во зависност од уреденоста на земјиштето од условите кои се создадени и од сите пропратни активности кои се извршуваат на улиците. Улиците, ЈП ги има категоризирано во четири групи, градоначалникот преложи 40,50,60 и 70 денари“, вели Алче.

Цените кои ќе ги плаќаат граѓаните за Јавна чистота ќе бидат најниски во земјава, тврди директорот Алчев. Тој како пример го посочи градот Ресен, каде жителите за истата услуга на ЈП ќе му плаќаат 70 денари.
„ Се работи за средства кои ќе се слеваат во буџетот на општина Охрид. ЈП ќе ги собира средстсвата кои ќе бидат одделно прикажани од средтсвата за подигање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад.
Понатака ставката за јавна хигиена ќе бидат уплаќани  од страна на ЈП на посебна сметка на општина Охрид, а за услугите кои ЈП Охридски Комуналец ќе ги врши за Јавна чистота, за што ќе доставува фактура до општина Охрид, а општината му плаќа на ЈП“, вели Алче.

Инаку досега за јавната хигиена се одлеваа средства од буџетот на општина Охрид. Со носењето на законот за јавна чистота сега точно е утврдено кој треба да плаќа за јавна чистота, а тоа се граѓаните, вели директорот на ЈП, Алчев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top