Вевчанци добија „Даночен шалтер“

Наместо да патуваат до Струга, обврските ќе си ги подмират во својата општина.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Наместо да патуваат до Струга, обврските ќе си ги подмират во својата општина.

salterДаночните обврзници од општина Вевчани од денес полесно ќе ги подмируваат своите обврски. Наместо како досега, да одат до општинскиот шалтер во Струга, во иднина таква можност ќе имаат и во нивната општина. Управата за Јавни Приходи, во Вевчани денес свечено го пушти во употреба  даночениот шалтер. Со оваа постапка се врши доближување на УЈП кон даночните обврзници. Вевчанци ја поздравуваат оваа активност.

Нашата единствена цел е преку даночните шалтери на граѓаните да добиваат квалитетни услуги исто како и во поголемите центри, но да им се овозможи побрзо и поквалитетно добивање услуги, а пред се заштедување  време и финансиски средства, велат од УЈП.

„И досега граѓаните редовно ги подмируваа обврските но беа изложени на трошоци, патување и губење време. Сега, автоматки го нема тоа“-вели Петко Кунчаковски,  правник на УЈП во регионална дирекција во Битола.

Даночниот шалтер ќе нуди голем дел од услугите што досега ги користеа вевчанци во струшкиот центар. Граѓаните тука ќе можат да се советуваат и да добиваат помош  при примена на сите законски прописи од аспект на даночната политика, пријави, проверки на истите и други услуги.
Отворањето на даночниот шалтер е  пример како и другите институции треба да им ја олеснат работата на граѓаните од помалите општини, вели градоначалникот на Вевчани, Перо Илиески.

Инаку, даночниот шалтер кој се отвори во Вевчани е еден од неколкуте кои се планирани да функционираат и во други помали општини низ Македонија, информираат од УЈП.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top