Во Охрид се поголем број граѓани живеат со скромна социјална помош.
Во Охрид се поголем број граѓани живеат со скромна социјална помош. Само дел од нив имаат можност да се хранат во народната кујна.
Се поголем е бројот на лица кои својата егзистенција ја гледаат единствено во скромната социјална помош. Тешката економска состојаба во која се наоѓа поголем дел од Европа и светот, не ја заобиколи и нашата земја. Се поголем е бројот и на граѓани од Охрид, кои со надеж дека откако некој ќе ја слушне нивната приказна преку малите екрани, ќе им понуди некаква помош. Од „Министерството за труд и социјална политика“ информираат која група на граѓани имаат право за користење на социјална помош. Од таму велат дека:
„За материјално необезбедено лице се смета она кое што не остварува приходи по сите основи кои се пониски од утврдениот износ на социјална парична помош и кое не поседува имот и имотни права и неможе да се издржува“.
„Бројката на работоспособни лица кои неможат да остварат егзистенција, во Охрид постојано се зголемува“, велат од „Центарот за социјални грижи“.
„Засега бројот на корисници на социјална помош изнесува 847, а секојдневно добиваме нови барања, вели првиот човек на оваа институција“, Екрем Каљоши.„Висината на паричната помош, зависи од периодот, односно колку време истата се користи и од бројот на членови во семејството“, вели тој.
Како дополнителна помош за социјално загрозените граѓани, Министерството за труд и социјална политика овозможи користење на народна кујна. „Бројот на корисници и критериумот за остварување на ова право, го изработи комисија формирана за таа намена“, појаснува Каљоши.
„Засега во Охрид право за користење на народна кујна остварија 80тина граѓани, со тенденција оваа бројка постојано да се зголемува. Свесни сме дека овој број на корисници е навистина минимален, меѓутоа не зависи од нас“, вели тој.
„Средствата кои ги покрива Министерството се доволни само за сегашните корисници. Се надеваме дека во наредниот период, бидејќи навистина има потреба, оваа бројка значително ќе се зголеми. Апелираме до сите граѓани со големо срце, доколку се во можност, да донираат средства за да се овозможи што повеќе социјално загрозени граѓани да добијат можност за користење на народната кујна“, вели Каљоши.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град